(ВИДЕО) Урспрунг: Ќе биде голема грешка да се откажете од ГТЦ

Од:

Градскиот трговски центар е една од најдобрите згради во Југоисточна Европа и ќе биде голема штета доколку се откажете од ова културно наследство и доколку дозволите да се затвори, смета професорот Филип Урспрунг, кој деновиве со своите студенти од Цирих ги обиколува поголемите градови од овој дел од Европа.

Урспрунг е професор на Институтот за историја и теорија на архитектурата ЕТХ во Цирих. Со својата студентска група тој деновиве ги обиколува градовите од Југоисточна Европа за да ги види во живо модернистичките градби.

Од се што виделе до сега, најголем впечаток на студентите им оставил проектот „Скопје 2014“ и урбанистички промени кои се одвиваат со пребрзо темпо, како и Градскиот трговски центар кој, велат, им е омилен објект.

За ГТЦ Општина Центар веќе најави дека ќе спроведе референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за неговата судбина. Швајцарија е една од земјите со најголем број референдуми на годишно ниво. Професорот вели дека е скандалозно тоа што жителите на Скопје не партиципираат во креирањето на јавниот простор и тоа што промените се носат без нивна дозвола. За ГТЦ вели дека нема потреба да се менува затоа што вака функционира совршено.

– Тоа е уникатна зграда во начинот на кој се поврзува со паркот во овој дел од градот и со реката. Функционира многу добро, според мене, во начинот на кој го комбинира сообраќајот, пешаците, со комерцијалниот простор. Би рекол дека е модел за тоа како треба да функционира еден мол и би рекол дека е културно но исто така и архитектонско наследство – вели професорот.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов