Тројца терористи, кои вчера извршија напад во Тунис, се приведени, а по еден се уште се трага, изјави тунискиот министер за внатрешни работи Тајеб Бакуш за француски медиуми.
Претходно, беше соопштено дека во операцијата за ослободување на заложниците од музејот „Бардо“ убиени се двајца напаѓачи, а неколкумина соучесници успеале да избегаат.
Бакуш посочи дека бројот на жртвите се зголемил на 20, откако едно лицде тешко повредено, починало.