Тунискиот премиер Хабиб Есид денеска изјави дека двајцата извршители на вчерашниот напад во музејот „Бардо“ се идентификувани. Станува збор за Јасин Абиди и Хатем Хашнави, информираа француските медиуми.
Според портпаролот на туниското Министерство за внатрешни работи, двајцата напаѓачи веројатно се Тунижани.
Ниту премиерот, ниту МВР, меѓутоа, не дадоа повеќе детали за атентаторите.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, во кој загинаа 17 странски туристи и двајца Тунижани, како и двајцата напаѓачи.