По комплетирањето на листата учесници во четвртфиналната фаза од фудбалската Лига на шампиони, за најмногу места се изборија шпанските екипи. Помеѓу осумте најдобри во елитното натпреварување се најдоа Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Најголемото разочарување го направија екипите од Островот. Со синоќешната елиминација на Манчестер Сити од Барселона, Англија остана без свој претставник уште во четвртфиналната фаза, што за тамошните аналитичари е потврда дека англискиот фудбал е во криза. Претходно, Челси доживеа елиминација од Пари Сен Жермен, Арсенал од Монако, а Ливерпул не ја помина ниту групната фаза.
Француските тимови Монако и ПСЖ и донесоа две места на својата земја во следната фаза, додека по еден претставник ќе имаат Германија (Баерн Минхен), Португалија (Порто) и Италија (Јувентус).