Екипите на Јувентус и на Барселона се последните кои обезбедија место во 1/4финалето од фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа во 1/8 финалната фаза по вторпат славеа победи над своите ривали.
Јувентус на гостувањето во Дортмунд кај Борусија беше убедлив со 3:0 и со вкупни 5:1 оди во следната фаза. Јунак во победата на италијанскиот шампион беше Карлос Тевез кој постигна два гола (3. и 79.минута) и асистираше при погодокот на Мората (70).
На „Камп Ноу“ во Барселона домашниот тим победи со 1:0 со погодокот на Иван Ракитиќ во 31.минута. Манчестер Сити не реализира пенал во 77.минута кога ударот од белата точка на Кун Агуеро во 77.минута голманот на Каталонците Тер Штеген го одбрани.
На првиот дуел во Манчестер, Барселона победи со 2:1.
Покрај Јувентус у Барселона, пласман во четвртфиналето обезбедија и: Атлетико Мадрид, Монако, Баерн, ПСЖ, Порто и Реал Мадрид.