Екипите на Атлетико Мадрид и на Монако синоќа изборија пласман во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампиони.
Атлетико Мадрид по изведувањето на пеналите го елиминира Баер Леверкузен, додека Монако и покрај поразот дома од Арсенал се најде во ТОП 8.
Ланскиот финалист Атлетико со голот на Марио Суарез во 27.минута ја анулираше предноста на Баер од првиот дуел. Со резултат 1:0 завршија регуларните минути, а потоа и во продолженијата немаше голови. Во серијата пенали Атлетико победи со 3:2, откако во последната серија Фернандо Торес беше прецизен, а промаши Стефан Кислинг.
Арсенал го победи Монако со 2:0 и стигна до вкупни 3:3, но поразот дома од 3:1 на првиот дуел и трите голови на Монако во Лондон беа решавачки за пласман на француската екипа во четвртфиналето. Головите за Арсенал ги постигнаа Оливие Жиру во 36.минута и Арон Ремзи во 79.минута.
Вечерва (20:45 часот) се играат последните два осминафинални натпревара: Барселона – Манчестер Сити (2:1 прв натпревар) и Борусија Дортмунд – Јувентус (1:2).
Пласман во четвртфиналето обезбедија: Баерн, ПСЖ, Порто и Реал Мадрид.