Во фудбалската Лига на шампиони вечер ќе бидат познати уште два патника во четврфиналната фаза. Кај Монако гостува Арсенал кој игра извонредно во последниот период во Премиер лигата и ќе се обида да ја надополни негатива од два гола што ја има по првиот дуел во Лондон.
На вториот вечерашен дуел, во Мадрид се среќаваат Атлетико и Баер Леверкузен. Германците кај ланскиот финалист допатуваа со предност од првио меч.
Двојки и резултати од првите натпревари:
Монако – Арсенал (3:1) и
Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (0:1).
Последните две пресметки од осминафиналето ќе бидат решени утре по натпреварите Барселона – Манчестер Сити (2:1) и Борусија Дортмунд – Јувентус (1:2).
Претходно пласман во четвртфиналето изборија ПСЖ, Порто, Баерн Минхен и Реал Мадрид.