Кавадаречките села без улично осветлување нема да плаќаат комунална такса

Од:

Нема да плаќаат комунална такса за јавно осветлување жителите од неколку кавадаречки села, во кои нема инсталирано улично осветлување, е одлуката што ја донесе Советот на општина Кавадарци.

Од плаќање такса се ослободуваат жителите на селата Бунарче, Галиште, Грбовец, Добротино, Драгожел, Драдња, Клиново, Кошани, Куманичево, Праведник, Р`жаново, Радња и местото викано Трлица, соопштија од Општина Кавадарци.

Сопствениците на викендици крај Тиквешко Езеро и во месноста Моклиште не се опфатени со одлуката бидејќи во тек е постапка за поставување опрема и овие населби наскоро ќе добијат улично осветлување.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски