Египет има намера да почне да го гради вториот Дубаи – град кој не само што ќе му биде „соперник“ на најлуксузниот бизнис центар во ОАЕ и светот, туку и да намали пренаселеност на Каиро.
Во градот Шарм ел Шеик денеска се одржа церемонија за потпишување на договор со ОАЕ за изградба на новиот „административен главен град“ на Египет.
Градот ќе се наоѓа на 45 км. источно од Каиро. Сега теренот таму е пустина, но за 5-7 години ќе може да се населат таму првите жители. Градот ќе биде со плоштина од 700 квадратни километри и ќе се поврзува со Каиро со модерна железница.
Проектот е вреден 45 милијарди долари.
Реализацијата на проектот ќе овозможи пет милиони луѓе да се преселат од Каиро во новиот град. Во новиот град ќе бидат изградени државни објекти, парламент, претседателска палата, дипломатски кварт како и сопствен аеродром.