Дарко Алексов, извршниот директор на граѓанската асоцијатција МОСТ, во емисијата 360 степени на Алсат телевизија, во која учествуваше и заменик претседателот на ДИК, Супхи Јакупи, изнесе сериозни забелешки за работата на Државната изборна комисија.
„ДИК ми личи на невладина организација. ДИК не е логистичар. Не може Државната изборна комисија да работи со надгласување. Во правото нештата се или бели или црни, не може сиво. Тоа е доказ за нејзината политизација“, рече Алексов.
Извршниот директор на МОСТ посочи дека е неопходно прочистување на избирачкиот список и итна теренска проверка. Со ваков закон за престој и живеалиште чудни човечиња ни гласаат.
„Во Македонија извршната власта контролира и балансира се. И парламентот и обвинителството и судството. Премногу моќ има кај малку луѓе. Со ова се оштетуваат демократските вредности“, рече Алексов.
Тој посочи дека е неопходно да се размислува за нов изборен модел, нов начин на избор на членовите на ДИК, на Советот за радиодифузија и Советот на честа на новинарското здружение.
Вториот човек на ДИК побара да се сочува дигнитетот на институциите и предложи биометриска избирачка легитимација која ќе ја издава Државната изборна комисија.