Тренерот на Челзи Жозе Мурињо на прес-конефернцијата по натпреварот со ПСЖ изјави дека големиот психолошки притисок врз играчите на неговата екипа бил пресуден за елиминацијата во 1/8финалето од Лигата на шампионите.
– Од причина што останаа со 10 играчи ние бевме под поголем притисок да го добиеме натпреварот, а они немаа што да изгубат. Не се изборивме со тоа, примивме два гола и тешко е да го прифатиме ова испаѓање. ПСЖ беше подобар противник од нас и честитки за нивниот пласман во следната фаза. Мината година изгубивме со 3:1 и тогаш немавме ваков притисок. Се покажа дека 1:1 е опасен резултат. Мора да извлечеме поука од овој натпревар за во иднина да не ни се повтори вакво нешто, рече Португалецот.
Челзи синоќа на свој терен одигра 2:2 со ПСЖ и по 1:1 во Париз е елиминиран уште во 1/8финалето од ЛШ.