Луначек: Признајте го Косово, тамошните граѓани се чувстуваат како затвореници

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Урлике Луначек, уште еднаш побарала од петте земји членки на ЕУ, кои го немаат признаено Косово тоа да го сторат што побрзо и да не го блокираат косовскиот пат кон ЕУ.

Австриската пратеничка оценила дека Косово по седум години и понатаму се чувствува дека не е добјредојдено во Европската заедница.

Луначек апелирала до властите на Косово да сторат многу повеќе во еконоскиот развој и подобрување на социјалните услови за подобар живот на граѓаните со цел да се намали бројот на емигрантите кон западно евопските земји и да е забрза решавањето на прашањето со визната либерализација.

– Визната либерализација е многу значајна за граѓаните на Косово кои се чувствуваат како затвореници и изолирани, изјавила Луначек.

Инаку, во Приштина комесарот на ЕУ за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос по средбите со косовскиот држвен врв изјави дека не е далеку денот кога Косово ќе добие визна либерализација за своите граѓани.

Аврамопулос изјавил дека очекува косовските институции да ја продолжат беспрекорната борба против корупцијата и да направат темелни реформи за да може Косово што поскоро да добие визна либерализација.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски