Северна Кореја прогласи денеска дека 2015 година ќе биде година на пријателство со Русија.
Соопштувајќи ја веста за оваа одлука, официјалната севернокорејска агенција КЦНА истакнува дека тоа значи значително зголемен обем на посети и билатерални договори за соработка во различни полиња, вкључувајќи политички, економски и културни договори.
Пјонгјанг официјално потврди дека лидерот Ким Јонг Ун во мај ќе патува во Москва на одбележувањето на 70-годишнината на победата во Втората светска војна.
Економската соработка на Русија со Северна Кореја особено зајакнала во последните две години. Економски аналитичари предвидуваат дека северната територија на Корејскиот полуостров Русија ќе ја користи како дистрибутивен центар за својот гас, кој од тука би се продавал во државите од источна и југоисточна Азија.