Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе имаат дополнителен мотив да изборат пласман во 1/4финалето од Лигата на шампионите, откако раководството на тимот соопшти дека предвидени се премии ако се помине Челзи.
Сопствениците на ПСЖ на секој фудбалер кој е дел од осминафиналната против Челзи же му исплатат по 250 илјади евра доколку се оствари позитивен резултат.
Од друга страна, на фудбалерите на Челзи не им се ветени никакви премии за добивање на пресметката со парижаните.
Реванш дуелот од 1/8финалето на елитното натпреварување меѓу Челзи и ПСЖ е закажан за вечер од 20:45 часот на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.
Првата средба во Париз заврши нерешено 1:1.