Википедија поднесе тужба против НСА за следење на интернет

Од:

Операторите на „Википедија“ и други организации поднесоа до федералниот суд на американската сојузна држава Мериленд тужба со која се оспорува законитоста на програмата на САД за масовно следење на интернет комуникацијата, наведувајќи дека таквите активности се незаконски.

Тужбата е поднесена од Фондацијата Викимедија, Амнести Интернешенел САД, Хјуман рајтс воч и неколку други организации.

Во тужбата се наведува дека активностите на Националната агенција за безбедност (НСА) и останатите американски разузнавачки служби ги пречекориле овластувањата од страна на Конгресот и ги прекршиле американските уставни гаранции.

– Поднесуваме тужба во име на нашите читатели и уредници низ целиот свет, соопшти основачот на „Википедија“ Џим Вејлс.

Според него следењето ја нарушува суштината на интернетот, што е еден отворен простор за соработка и експериментирање.

Во тужбата се наведува дека со прислушувањето на интернет, НСА собирала податоци од многу луѓе кои не се поврзани со напорите за сузбивање на тероризам.

– Наместо да се ограничи на следење на комуникацијата на Американците со странски цели, НСА секого шпионирала, изјави претставникот на Американската унија за граѓански слободи Патрик Тумиј.

Тужбата е врз основа на податоци објавени од поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден. Меѓу обвинетите се НСА и нејзиниот шеф Мајкл Роџерс, канцеларијата на директорот на ЦИА и нејзиниот шеф Џејмс Клапер, како и државниот обвинител на САД Ерик Холдер.

Би можело да ве интересира

Руски суд ја казни Википедија со 88 илјади долари поради „ширење дезинформации“

А1он

Википедија – диносаурусот на некомерцијалниот интернет, одбележува 20-годишнина

Ана Ололовска

Поранешни раководители на разузнавачки служби на САД најсериозни кандидати за директори на НСА и ЦИА

Ана Ололовска

Википедија ќе добие нов дизајн

Ана Ололовска

Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Ана Ололовска

Турскиот Уставен суд одлучи во корист на Википедија

Татјана Ташкова