Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Од:

Едвард Сноуден, поранешен член на американската Агенција за национална безбедност, (НСА) се согласи да ги предаде приходите од продажбата на неговата книга на американската влада.

Сноуден, кого го бараат во САД за откривање на најдоверливите податоци на американските тајни служби, се согласи на владата да и предаде дури пет милиони долари.

Тој во 2013 година го шокираше светот кога на човештвото му откри дека американската Влада тајно собира податоци од секој телефонски повик, порака и е-пошта.

Сноуден во последните неколку години се наоѓа во Русија.

Минатата година Сноуден ја објави книгата „Трајно забележено“ и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и Американската агенција за национална безбедност. Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската Влада создала систем на масовно следење.

Ова не е првпат американската Влада парично да казнува поранешни вработени за неовластено протекување информации. И Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност, кој објави книга за претседателот Доналд Трамп, се соочува со сличен обид на Министерството за правда да ги поврати приходите од објавувањето и продажбата на книгата.

Би можело да ве интересира

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска

Поранешни раководители на разузнавачки служби на САД најсериозни кандидати за директори на НСА и ЦИА

Ана Ололовска