ПЦЕР ќе поднесе кривична пријава за дискриминација против владини функционери

Од:

По објавените аудиоснимки во кои се навредува ромската популација, Партијата за целосна еманципација на Ромите најавува кривична пријава против министрите Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски. Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, бара другите партии на Ромите кои се во Владата да дадат согласност за кривичната пријава.

– Јавно ги повикувам лидерите на ромските партии кои се наоѓаат во Владата, да дадат согласност за кривичната пријава што ја подготвува правниот тим на ПЦЕР. Во рок од три дена, ако не достават согласност за поддршка на кривичната пријава, нашата партија ќе смета дека другите ромски партии се сателит-партии на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Самка Ибраимовски, претседателот на ПЦЕР.

ПЦЕР преку електронска пошта, побарала од Комисијата за заштита од дискриминација да реагира за објавените аудиозаписи. Првичните тврдење на претседателот на комисијатa, Душко Миноски, дека нема никаква основа за кривично гонење се неосновани, вели Ибраимовски.

– Претседателот на Комисијата за дискриминација вели дека тоа било приватен разговор. Сакам да му укажам: ако на една маса разговараат четири лица и ако едниот вулгарно се изрази, односно ме дискриминира, јас можам со двајца сведоци да го тужам, да поднесам кривична пријава за дискриминација, омаловажување, ширење омраза и за расизам – вели Ибраимовски.

Претседателот на ПЦЕР реагираше и за укинатите социјални примања на ромските семејства. Побара Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, да ги разгледа решенијата за укинатата социјална помош.

– Во спротивно, ромските деца нема да ги пуштиме на училиште – додаде Ибраимовски.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово

А1он

(ВИДЕО) Коалицијата „Храбро за Македонија“ до ДИК ги поднесе листите за кандидати за пратеници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

A1on

Министерот без ресор Ахмедовски два часа го чекал кумановскиот градоначалник на средба, а тој не се појавил

Наум Локоски

Ибраимовски ја напушта министерската функција, ќе биде пратеник

Ана Ололовска

Ибраимовски: Додека Бајрам се смееше на бината, негов сопартиец мртов лежеше на асфалтот

Емир Латифовиќ