Шпанската полиција во Мадрид уапси неколкумина навивачи на Шалке кои се судрија со органите на безбедност во пресрет на реванш осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите против Реал.
Како што пренесува „Дејли мејл“ повеќе од 3.000 навивачи на германскиот тим допатуваа во шпанската престолнина да го бодрат својот миленик кој беше поразен со 2:0 на првиот меч во Гелзенкирхен.
Инцидентот се случи на плоштадот „Пуерта дел Сол“ кога Германците почнаа да фрлаат со пивски шишиња кон полицајците. Во нередите има и повредени лица.
Натпреварот Реал Мадрид – Шалке се игра вечерва од 20 часот и 45 минути.