Самсунг досега примил рекордни 20 милиони нарачки на Галакси С6

Од:

Јужнокорејската компанија Самсунг верува дека продажбата на новиот смартфон модел С6 ќе биде значително поголема во однос на претходниокот.

Според „Кореа Тајмс“ компанијата досега има примено 20 милиони нарачки на новите смартфони Галакси С6 и Галакси С6 Едџ, што претставува рекорд на компанијата.

Од нарачаните 20 милиони примероци, 15 милиони се Галакси С6, а пет милиони од поскапиот модел со заоблен екран Галакси С6 Едџ.

Продажбата на Галакси С6 и С6 Едџ ќе стартува во април, а во Европа моделот е веќе во предпродажба по цена од 700 евра за С6 и 850 евра за С6 Едџ моделот без договор.

Корејските аналитичари очекуваат супериорните спецификации на новите Самсунг модели да претставуваат главна разлика во однос на најголемиот ривал АјФон 6. Самсунг очекува продажбата на С6 моделите да биде значително поголема во однос на претходникот.

Самсунг Галакси С6 и С6 Едџ беа претставени на Светскиот конгрес на мобилна технологија во Барселона, каде ја доби наградата за најдобар нов уред.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ