Украинскиот пилот Надја Савченко го прекина штрајкот со глад

Од:

Украинскиот воен пилот Надја Савченко, која е во затвор во Русија, го прекина својот 83-дневен штрајк со глад, откако го прифатила советот на лекарите,да полне да зема пилешка чорба.

Веста за прекинувањето на штрајкот ја соопшти,таа самата, во писмо што е протурено до јавноста. Во писмото, Савченко вели дека се одлучила да ја „измени досегашната тактика,за да остане во живот“.

Прекинот на штрајкот со глад уследи по алармантните тврдења во Киев дека „нејзината состојба е критична“ како и дека „се бори за живот“.

Ваквите тврдење на украинските власти,беа отфрлени од руска страна,како неточни и измислени.

Савченко од јуни минатата година се наоѓа во затвор. Таа очекува да биде изведена на судење, обвинета за убиството на двајца руски новинари во Источна Украина. Со одбивање да прима храна полна во средината на декември,минатата година.

Пред два дена, украинскиот претседател Петро Порошенко испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин,во кое бара пилотот Савченко да биде ослободена.

Писмото беше испратено истиот ден кога еден руски суд го отфрли последното барање на нејзнините адвокати за ослободување на затвореничката.

Нејзиниот случај на Западот се користи за интензивирање на силната антируска кампања и за нападите врз рускиот претседател.На социјалните мрежи,гладувањето на Савченко, Украинците и Русите го користат за меѓусебното обвинување.

За украинската јавност,уапсената е „национален херој“ додека во руската, Савченко се прикажува како „ќерка на сатаната“ и како „машина за убивање во здолниште“.

Таа тврди дека кога била заробена,сепаратистите ја префрлиле во Русија,но руските власти велат дека Савченко самата влегла во Русија,прикажувајќи се како украинска бегалка.

На последните избори во Украина таа беше избрана за пратеник од партијата на поранешниот премиер Јулија Тимошенко.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина