Крстот симбол за неверници!?

Од:

Слободна Далмација – Сплит

Џихадистите на самонаречената Исламска држава не престануваат од ден во ден да го шокираат светот. Последното нивно злодело е културоцидот кој милитантите на ИСИС го изведоа во ирачкиот град Мосул. Упаднале во археолошкиот музеј и сите експонати кои се наоѓале во него ги иништиле и буквално ги претвориле во права. Се работи за скулптури стари неколку илјадници години.

– Пророкот Мухамед ни нареди да ги уништиме киповите и реликвиите бидејќи неговите следбеници го направиле истото кога ги освојувале земјите по него – рече неименуван член на ИСИС. Џихадистите неодамна во Мосул запалија библиотека со над 10.000 книги и околу 700 стари ракописи.

Колку и да шокираат овие работи, толку повеќе со недоверба ги примаме вестите за страдањата на луѓето, а не кипови и книги. И тоа само затоа што се поинакви, т.е. неверници, како што ги нарекуваат џихадистите. Пред некој ден на територијата на североисточна Сирија милитантните исламисти киднапираа повеќе од 300 христијани. Единствена вина им е што веруваат во Исус и честа на крстот, симбол на својата вера.

Пред десет дена џихадистичките убијци, од кои многу доаѓаат од земјите на т.н. западен свет, брутално извршија убиства на 21 коптски христијани на една плажа кај Триполи.

– Претходно не гледавте на еден рид во Сирија. Денес сме јужно од Рим… во Либија – порачаа тие. Кога италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Гентолини најави дека Италија е подготвена да интервенира во Либија, бидејќи Триполи е на само 200 милји од италијанскиот брег, џихадистите го нарекоа министер крстоносец.

Очигледно е дека Грахам Вуд е во право, новинар и професор на политички науки, кој во натписот – Што навистина сака ИСИС, за американското списание The Atlantic истакна дена се неискрени, макар колку и да се добронамерни, обидите на тие луѓе со средновековно религиско убедување, т.н. Исламска држава, бидејќи џихадистите се тие кои на било кој начин им се спротивставуваат, ги прикажуваат како крстоносци, кои во средниот век војувале со муслиманите за да го ослободат Исусовиот гроб.

Самопрогласениот Калифат смета дека ќе се исполни секое пророштво кое ќе придонесе за завршеток на светот, а клучен дел од тоа е борбата со силите на РИм, кај градот Дабика, како и обнова на исламското освојување по победата над анти-месијата во Ерусалим. Со оглед на тоа дека копнената офанзива се вклопува во апокалиптичните предвидувања на Калифатот, на исламистите би дала на кредибилитетот и со тоа би ги зголемила нивните шанси.

Од сите лоши воени можности кои се отворени за борба против самонаречената Исламска држава, најмалку е лоша продолжување на поддршката на локалните сили како и продолжување на бомбардирањата, спречувајќи го со тоа нејзиното ширење. Тоа ќе им ја одземе веродостојноста, ќе ја подруши идеологијата и на долги патеки ќе доведе до нејзин пораз, смета Вуд. Апостолскиот нунциј во Дамаск, надбискупот Марио Зенари изјави дека христијаните во Сирија се чувствуваат напуштени од меѓународната заедница, бидејќи не гледаат видливи резултати во спречување на напредувањето на милитантите на самопрогласениот Калифат. Им преостанува само молитва и надеж за нивните киднапирани браќа, вели вели сирискиот католички патријарх Игнацие Јусуф трети Јунан, додавајќи дека борците за Исламската држава се полни со омраза и отровни чувства за христијаните во Сирија. Во молитвите им се придружи и папата Франц, кој и за време на духовните вежби со загриженост ги следи драматичните вести, свесен очигледно дека и тој како и Ватикан, е на удар на џихадистите. 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска