Според истражувањата на „Форбс“, втора година по ред, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс е прв на листата најбогати луѓе на светот, додека мексиканскиот милијардер Карлос Слим кој во 2013 година беше најбогатиот човек на светот, е втор на овогодинешната листа.
„Форбс“ наведе дека е земено во предвид нето богатството на секоја од личностите, врз основа на вредноста на акциите и девизниот курс од 13-ти февруари 2014 година.
Гејтс како прв поседува богатство од 79,2 милијрди долари, додека Слим има 77,1 милијарди.
На трето место е американскиот инвеститор Ворен Бафет со 72,7 милијарди, а сопственикот на ланецот „Зара“, Шпанецот Аманчо Ортега е на четвртото место со 64,5 милијарди долари.
Е. Г.