Екипата на Металац постигна уште една минимална победа во АБА лигата откако синоќа минимално со 67:66 (13:17; 19:20; 18:13; 17:16) го совладаа првакот Цибона.
Во редовите на Металац четири играчи имаа двоцифрен број поени, а во редовите на Цибона македонскиот репрезентативец Владо Илевски постигна 8 поени, но не успеа да го погоди шутот во последните секунди за победа на неговиот тим.
На другите натпревари од 23.коло беа постигнати следниве резултати:
Левски – Игокеа 77:92, МЗТ Скопје – Олимпија 57:76, Партизан – Црвена Звезда 77:63, Крка – Задар 83:80, Шолнок – Задар 72:81 и Цедевита – Мега 103:107.
Табела: Црвена Звезда 21-2 (победи-порази), Будуќност 17-6, Партизан 16-7, Цедевита 15-8, Олимпија 13-10, Крка 12-11, Металац 12-11, Задар 11-12, Мега 10-13, Шолнок 10-13, Цибона 9-14, Игокеа 8-15, МЗТ Скопје 6-17, Левски 1-22.