Samsung ги претстави новите врвни модели од својата Galaxy фамилија S6 и S6 Edge кои се направени од далеку поквалитетни материјали од своите претходници.
Двата уреди се речиси идентични, а моделот Edge има неколку дополнителни можност од заоблениот екран, како разни нотификации и можност за пристапување кон омилените контакти.
Ќе има камера од 16 мегапиксели и оптичка стабилизација.
Телефонот има и посебен приклучок кој овозможува побрзо полнење, па можно е да се наполнат до 50 проценти за 25 минути.
Во Home копчето сега е вграден и сензор за читање на отисоците на прстите, слично како Touch ID кај iPhone.
Продажбата ќе стартува на 10 април, а двата телефони ќе бидат достапни во верзии со 32 GB, 64 GB или 128 GB, а цените дополнително ќе бидат откриени.