Кувајтските власти будно следат неколку роднини на Мохамед Емвази, познат како „Џихадистот Џон“, или џелатот на џихадистичката „Исламска држава“, кој обезглавил најмалку петмина западни заложници, пишува локален весник.
Неколку роднини на Емвази кои живеат и работат во Кувајт имаат британско државјанство, јавува кувајтскиот весник „Ал кабас“, пренесува Танјуг.
– Безбедносните агенции презеле неопходни мерки за деноноќно да ги следат, пишува весникот повикувајќи се на неименуван извор.
Кувајтскиот весник на наведе колку роднини има Емвази кои живеат и работат во Кувајт, додека властите на арапската земја „молчат“ по тоа прашање.
Јорданскиот весник „Ал раи“ пишува дека безбедносните извори навеле дека таткото на Емвази Џасем Абдулкарим „во моментот се наоѓа во Кувајт“ и оти се очекува да биде повикан на разговори од страна на кувајтските власти.