Компанијата Ел-Џи најави дека својата понуда ќе ја зголеми за четири нови смартфони.
Станува збор за моделите Магна, Спирит, Леон и Џои, чија предна камера ќе има „гестр шот мод“ за полесно правење селфи фотографии.
Ел-Џи Магна доаѓа со 5 инчен ХД екран, квад-кор процесор, 1 ГБ РАМ и 8 ГБ интерна меморија, батерија од 2.540 мили Ампер часа, камера од 8 МП на задниот и 5 МП на предниот дел. Уредот работи на Андроид 5.0 Лолипоп.
Ел-Џи Спирит има 4,7 инчен ХД екран, квад-кор процесор, 1 ГБ РАМ, камера од 8 МП на задниот и 1 МП на предниот дел. Леон има 2,4 инлчен, а Џои 4 инчен екран, квад-кор процесори, 1 ГБ РАМ, батерија од 1.900 мили Ампер часа и оперативен систем Андроид 5.0.
Леон ќе добие камера од 8 МП на задниот дел, а Џои 5 МП камера. Двата уреди имаат предна ВГА камера.
Цената на новите уреди од Ел-Џи не е објавена, а на пазарот ќе бидат претставни на Мобајл Ворлд Конгрес на 1 март.