Во фудбалската Лига на шампионите вечерва ќе се одиграат два нови натпревара.
Шампионот на Англија, Манчестер Сити ја пречекува Барселона. Минатата сезона овие два тима играа исто така во осминафиналето кога Барселона оствари две победи и ги елиминираше „граѓаните“.
На првиот дуел во Манчестер победи со 2:0, а на реваншот на Камп Ноу беше 2:1 за Каталонците.
Во Торино Јувентус ја пречекува Борусија Дортмунд. По низата проблеми и слаби игри и резултати Борусија Дортмунд успеа да „врзе“ три победи во Бундес лигата и со подобрена форма да се појави на теренот на „Јувентус Арена“. Јувентус пак во стандардна форма ќе го дочека првиот осминафинален дуел.
Двата тима имаат одиграно неколку натпревари во еврокуповите, а последен пат играа во финалето од Лигата на шампионите во 1997 година кога Борусија со 3:1 го победи Јувентус.
Почетокот на двата натпревара е во 20:45 часот.
Утре се играат последните два осминафинални дуели: Арсенал – Монако и Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид.
Претходно беа одиграни натпреварите: ПСЖ – Челзи 1:1, Шахтјор – Баерн 0:0, Базел – Порто 1:1 и Шалке – Реал Мадрид 0:2.