Со натпреварот Леванте – Гранада 2:1 синоќа беше заокружен 24.круг во шпанската Примера.
Ова беше дуел на две екипи кои се наоѓаат во зоната на испаѓање, а до победата домаќините дојдоа со пресврт со головите на Виктор Камараса во 88.минута и Давид Барал во четвртата минута од судиското надополнување. Претходно во 13.минута Гранада поведе со погодокот на Ел-Араби од пенал.
Постигнати резултати на другите натпревари: Барселона – Малага 0:1, Кордоба – Валенсија 1:2, Атлетико Мадрид – Алмерија 3:0, Депортиво Ла Коруња – Селта Виго 0:2, Хетафе – Еспањол 2:1, Сосиедад – Севиља 4:3, Атлетик Билбао – Рајо Ваљекано 1:0, Виљареал – Еибар 1:0 и Елче – Реал Мадрид 0:2.
Табела: Реал Мадрид 60 бодови, Барселона 56, Атлетико Мадрид 53, Валенсија 50, Севиља 45, Виљареал 44…