Активисти за човекови права тврдат дека десетици илјади севернокорејски работници се принудени да работата во ужасни услови без никаков надомест.
Тие буквално работат како робови, со цел да обезбедат плати за луксузен живот на севернокорејската власт. Според податоците на активистите, во странство се испратени околу 100.000 лица, кои работата во доста лоши услови, а нивните плати се испраќаат директно на севернкорејскиот лидер, Ким Џонг Ун.
Постои верување дека оваа пракса се применува од осумдестите години од минатиот век, но дека напредувала со доаѓањето на власт на Ким Џонг Ун. Во Југоисточна Азија, Кина, Африка и Блискиот исток наводно се наоѓаат севернокорејските работници, додека најмногу од нив, дури 20.000 работат во Русија. Активистите тврдат дека тие се робови, и дека нивните пари се трошат за луксузот на северникорејскиот лидер и неговите елитни следбеници, како и за изградба на Пјонгјанг, поради што ги повикуваат ОН да го истражат случајот.
Е. Г.