А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Демант на МЗШВ на обвинувањата од СДСМ

by А1он21/02/2015 - 17:41232
Share0

„Владата и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство интензивно и посветено работи на отстранување на последиците од поплавите. СДСМ и нејзиниот поретседател на комисијата Дејан Павлески пред да излезат во јавноста со некаква наводна загриженост и препораки би требало барем малку да се информираат.

Добивај вести на вибер

Како прво, општинските комисии веќе работат на проценките на штетите.
Второ, екипи и механизација веднаш беа и се уште се вклучени во санирање на последиците. Трето,Владата веќе се обрати до Европската комисија за обезбедување на помош за справување од последиците од поплавите од каде што е добиена информација дека во рамките на регионалните ИПА фондови има можност за добивање на финансиска помош.

Четврто, веќе е дискутирано со претставници од Европската комисија, ко-финансирањето на инвестициите од ИПАРД фондовите за настраданите земјоделски стопанства да биде зголемено на 85 % што значи обновувањето на производството да ги чини само 15 % од трошоците.

Владата и Министерството за земјоделство презема и други мерки за санирање на состојбите во загрозените региони. Исплатата на субвенциите се одвива редовно,а минатата недела беа исплатени сите лозари и поледелци кои ги исполнуваат условите,освен мал број земјоделци кај кои се вршеше редовната контрола.

СДСМ нема право да зборува за неисчистени канали и изградба на системи за наводнување . Тие не само што не ги чистеа каналите, туку и ги запуштија веќе постоечките системи,а вработените од водостопанските претпријатија ги оставија на улица. За разлика од нив,оваа Влада секоја година без разлика дали е сушна или врнежлива чисти по 140 километри каналска мрежа.

И на крајот сакаме да потенцираме дека Владата и Министерството за земјоделство заедно со Министерството за финансии е ангажирана во нај кус можен рок да се надоместат штетите нанесени на имотите, посевите и на инфра структурата во погодените реони. Поради тоа е формирана и меѓуресорска работна група која заедно со експерти од Светската банка ќе ја забрзаат проценката и исплатата на штетите“, се вели во демантот на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

mzsvsdsmzemjodelstvo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопски маратон срамно злоупотребен од Орце и ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски05/10/2025 - 14:27

Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски05/10/2025 - 14:14

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 20:08

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 12:16

СДСМ: 90% лаги на Орце, од 30 капитални ветувања нема остварено ниту едно

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 11:48

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 09:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен