Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека се уште не размислува за продолжување на договорот со „кралскиот клуб“.
Италијанскиот стручњак вели дека е задоволен од животот во Шпанија.
– Сите во клубот се внимателни кон мене. Се чувствувам ценето и удобно ми е во Мадрид. Откако сум тука, знам дека моја работа е да освојувам трофеи. Сепак мислам дека продолжување на договорот не зависи од трофеите, потенцира Анчелоти.
На тренерот на Реал му остануваат уште 18 месеци до истекот на актуелниот договор.