Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, под чија ингеренција се основните училишта на кои беа симнати таблите со старите имиња на училиштата и беа поставени нови со имиња на албански херои ќе остави судот да го реши спорот.
Меџити не планира ниту да ги разреши, ниту да ги казни директорите, ниту пак да ги врати старите училишни табли. Меџити денеска потенцираше дека повеќе пати го кажал своојт став за ова и дека сега ќе оставел судот да одлучува по спорот.