Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за Украина

Од:

Советот за безбедност на ОН едногласи го усвои рускиот предлог резолуција за прекин на огнот на истокот на Украина, и ги повика сите страни во источна Украина да почнат да го спроведуваат договорот што е постигнат минатата седмица во Минск.

СБ на ОН исто така изрази целосно почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина и изрази загриженост од трагичните настани на насилство во источните региони на Украина.

Со резолуцијата се повикуваат страните во конфликтот на прекин на огнот, целосно почитувње на точките од договорот од Минск, како и допуштање на ОБСЕ да испрати мисија која ќе го следи развојот на настаните.

Сите 15 членки на Советот усвоија резолуција, но американската амбасадорка во ОН Саманта Пауер, рускиот потег го оцени како „ироничен“ со оглед дека бунтовниците во источна Украина ги помага Русија.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17