Вип и ОНЕ очекуваат позитивно мислење од Антимонополската управа за планираното спојување

Од:

Комисијата за заштита на конкуренцијата се очекува да даде позитивно мислење за спојување на двата мобилни опратори Вип и ОНЕ. Вакво е очекувањето на менаџментот на Вип оператор, кои како што наведуваат се во интензивни разговори со Комисијата за изнаоѓање прифатливо решение во насока на задржување на конкурентноста на пазарот.

– Застој во процесот на спојување нема. Процесот е во втора фаза која почна на почетокот на февруари година. Согласно законот таа може да трае најмногу 90 дена, што значи некаде средина на јуни очекуваме позитивен одговор од Комисијата, истакна главниот извршен директор на Вип оператор Никола Љушев одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Додаде дека очекувањата на позитивен одговор ги темели на тоа што аквизицијата во првата фаза е одобрена и оти тогаш Комисијата не нашла причина за негативен одговор.

Според Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип оператор, на македонскиот пазар нема простор за трет мобилен оператор, бидејќи, како што вели, тоа е скапо и за операторите и за државата. Истакна дека постојат услови за влез на виртуелни оператори.

Вип оператор денеска ја промовираше првиот заедничкик производ откако Близу лани беше купен од страна на Телеком Австрија Групацијата, чиј дел е Вип оператор.

Би можело да ве интересира

Бизнисмените кои знаат плаќаат најмалку, а добиваат најмногу

Ана Ололовска

Со Vip Roam Surf целосна контрола на трошоците во роаминг

Ана Ололовска

Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Наум Локоски

Документарната програма BBC Earth на Vip TV

Ана Ололовска

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Ана Ололовска

Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Ана Ололовска