Почнува нок-аут фазата во Лигата на шампионите

Од:

По повеќе од двомесечна пауза, вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите со првите две средби од нок-аут фазата.

На „Паркот на принцовите“ во Париз, францускиот шампион Пари Сен Жермен го пречекува Челзи. Ова ќе биде можност ПСЖ да се реваншира за минатогодишната елиминација во четвртфиналето кога „сините“ од Лондон со поради гол постигнат на гостински терен отидоа понатаму. Во Париз беше 3:1 за ПСЖ, а во Лондон 2:0 за Челзи.

Вториот денешен дуел се игра во Лвов, каде Шахтјор од Доњецк го пречекува Баерн Минхен.

Украинскиот првак уште од 5 декември кога беше крајот на домашното првенство нема одиграно официјален меч и тоа може да претставува хендикеп, за разлика од Баварците кои се во полна форма во Бундеслигата.

Почетокот на првите две осминафинални средби е во 20 часот и 45 минути.

По два натпревара ќе се играат утре, на 24 и 25 февруари.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска