Власта почна со подготовки за ГТЦ во барок

Од:

Министерството за транспорт и врски ја избра консултантската куќа што ќе треба да изготви физибилити – студија за да се утврди колкав е интересот од потенцијални инвеститори за вложување во реконструкција и надградба на Градскиот трговски центар во Скопје.

Документот треба да ја утврди исплатливоста на најавеното вложување во „барокизација“ на еден од најпознатите архитектонски белези на Скопје. На тендерот учествувале две компании, а за најповолен понудувач е прогласен „Грант Торнтон Консалтинг“, пренесува Build.mk.

Македонските граѓани за физибилити – студијата преку државниот буџет ќе платат над 95.000 евра. Документот ќе се изготви во период од 12 месеци, при што е планирано истиот да биде завршен најдоцна до февруари 2016 година.

По оваа фаза, ќе се донесе одлуката дали ќе се пристапи кон изведба на проектот за рефасадирање на трговскиот центар, односно кој модел за инвестирање ќе се избере. Најновиот договор на Министерството за транспорт и врски доаѓа само два дена по одлуката на Уставниот суд, со која се потврди законската основа за доделување градежни дозволи за надградба, доградба и реконструкција на поважни објекти во главниот град од страна на Градот Скопје.

Граѓаните на Скопје и архитектите неколку пати досега реагираа со акциии со кои се ставија на знаење дека намерата да се преоблече ова ремек дело во барок ќе наиде на жесток отпор.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов