Лото ливчиња уплатени во Северна Каролина, Порторико и Тексас синоќа ја добија главната премија на американската лотарија „Пауербол“, па тројцата среќни добитнци, кои ги погодиле шесте броеви, ќе поделат неверојатни 564,1 милиони долари.
Добитното ливче од Порторико е прв тикет уплатен надвор од континенталниот дел на САД со сите шест погодени броеви. Порторико се приклучи кон лотаријата „Пауербол“ пред помалку од една година.
Доколку добитниците на премијата се решат за еднократна исплата, ќе добијат по 391.138.450 долари, без платен данок.
Оваа премија е петта по висина добивка на игри на среќа во историјата на САД.