Властите во Тунис уапсија 32 исламисти од кои некои се вратени од борбите во Сирија и планирале „спектакуларни“ напади, соопштија официјални лица во државата.
– Антитерористичките сили осуетија планови за извршување спектакуларни напади врз витални објекти, вклучувајќи го и МВР, безбедносни служби и цивилни згради во Тунис, изјави Мохамед Али Аруи, портпарол на МВР.
– Во изминатите три дена уапсивме 32 териристи од група што планирала напади во Тунис и други градови, додаде тој.
Премиерот на државата Хабиб Есид вчера претстави програма на владата, ден откако стапи на функција, и во кој приоритети се справување со терористички закани и економски мерки.