Јордан ги гони припадниците на екстремистичката група Исламска држава каде и да се наоѓаат и планира „комплетно да ги уништи“, изјави денеска јорданскиот министер за внатрешни работи Хусеин ал-Маџали.
Јорданските авиони во четвртокот и воо петокот нападнаа магацини со оружје и центри за обука на ИД. Јордан уште во септември се приклучи кон воздушната кампања против екстремистичката група, предводена од САД, но по погубувањето на пилотот, најави дека ќе ги интѕензивира нападите.
Ал-Маџали наведе дека овонеделните напади се „почеток на процесот за тотална елиминација и уништување“ припадниците на ИД.