Во Битола одбележан јубилејот 70 години настава на македонски јазик

Од:

На 6-ти февруари 1945 година во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, за прв пат во Македонија почна да се изведува организирана настава на македонски јазик. По тој повод синоќа во Битола се одржа свечена академија со посебна програма што ја подготви професорката по македонски јазик Даниела Петровска, а ја режираше режисерот Мартин Кочовски.

Во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола предавале многу наставници, професори, и учеле бројни ученици кои постигнале врвни резултати, станале истакнати јавни личности, а меѓу нив и 16 академици, членови на Македонската академија на науките и уметности, беше посочено на свеченоста.

– Имам голем респект кон ова училиште, респект кон нашите професори кои не беа само учители туку тие беа и наши морални стожери. Славиме исклучително голем јубилеј затоа што битолската гимназија не била, и не е обична гимназија бидејќи за прв пат по озаконувањето на македонскиот јазик со одлуките на АСНОМ, таа одлука е оживотворена токму тука во оваа гимназија каде за прв пат почнува настава на македонски јазик. Од оваа гимназија произлезе и една силна генерација писатели и поети што ги поставија основите на македонската книжевност и затоа сакам да подвлечам дека вака беше создавано македонското национално битие и националниот идентитет, рече претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски.

Во својата поздравна реч, директорот на гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола, Кирил Печалев, нагласи дека јазикот е нашата икона, тој ги поврзува нашите светилишта и затоа треба секогаш да се негува.

– Независно што македонскиот јазик низ историјата не се развивал непречено и мирно, туку во најсурови негирања и забрани, сепак тој беше непокорна тврдина и израсна во јазик на автономен национален ентитет. Македонскиот јазик се покажа како непокорлив и жилав, неговиот опстанок го одразува животот и опстанокот на самиот македонски народ, и затоа треба да го храниме и развиваме јазикот со срцето, со љубовта, со силата што извира од сето наше битие, истакна Печалев.

Во уметничкиот дел од програмата настапи и поранешната гимназијалка, познатата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ