Парламентот на Тунис денеска ја изгласа коалициската Влада составена од секуларни и исламистички партии и од помали формации.
Владата на премиерот Хабиб Есид, составена од секуларната партија „Нида Тунес“ (Повик за Тунис) и исламистичката „Ан Нахда“ (Обнова) беше изгласана од 166 од вкупно 217 пратеници.
Новата Влада на Есид треба да спроведе економски реформи, што ги бараат меѓународните кредитори на Тунис, како и да ја продолжи кампањата против радикалните исламисти.
Министер за надворешни работи ќе биде Таеб Бакуш, за одбрана – Фархат Хоршани, а за министер за внатрешни – Нажем Гарсали.
Во новата Влада има и претставници на парламентарните групи на Слободен патриотски сојуз и на „Афек Тунис“ (Хоризонти на Тунис). Една третина од министерските места ги зазедоа независни политичари и претставници на невладиниот сектор.