Поради украдени светилки паркот во Кавадарци во мрак

Од:

Главната пешачка патека во градскиот парк „Љупчо Шкартов“ како и платото пред спомен костурницата во Кавадарци се во темница поради украдени светилки, информира денеска кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

– Беше извршен увид на лице место од страна на надлежните од општината, беше констатирано дека насилно се извадени и украдени девет комплети лед светилки со проѕирни опал топки. Овие светилки беа поставени есента 2013 година како дел од проектот за целосно осветлување на паркот и костурницата, соопшти тој.

Кражбата на светилките е извршена на потегот од влезот во паркот пред ресторанот „Бриони“, па се до „Винската куќа“.

– Со оглед на фактот дека делото е извршено насилно, со отштрафување на заштитните капаци на столбовите, а потоа и со корнење на каблите, вистинска среќа е што арамиите минале без струен удар. Насилното корнење на напонските кабли во канделабрите довело и до нарушување на системот со електро снабдување, па 90 отсто од кабелот на подземната доводна линија поради краток спој се загреал и уништил, заради што и линијата е неупотреблива, објасни градоначалникот.

Штетата е предизвикана на главната линија, поради што паркот и костурницата ќе бидат во целосен мрак до санирање на дефектот преку премостување.

Екипа на фирмата концесионер која е надлежна за јавното осветлување денеска работеше на отстранување на дефектотот и оспособување на дел од осветлувањето во паркот.

– Но граѓаните ќе треба да имаат разбирање, бидејќи за целосно нормализирање на состојбата со јавното осветлување во градскиот парк, ќе треба целосна реконструкција на оштетената делница од нисконапонската подземна линија, додаде Панов.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Пожар во старски дом во Кавадарчко, евакуирани 30 станари

Катерина Ѓуровски

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место