Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе вчера паднал низ скали од подиум, од каде што претходно им се обрати на своите приврзаници по враќање од Етиопија.
Деведесетгодишниот Мугабе очигледно ги промашил скалите поради што падна, додека се симнуваше од говорницата поставена на аеродромот.
Очевидците кои ги информирале медиумите за овој настан не сакале да се претстават од безбедносни причини, а безбедносните служби побарале од фотографите кои успеале да го овековечат настанот, да ги избришат фотографиите.
Е. Г.