Дали Земјата е безбедна од астероиди?

Од:

Политика – Белград

Астероидот 2004 БЛ86 со пречник од неколку стотина метри, прелета пред неколку дена преку нас, на безбедна оддалеченост од Земјата.

Сепак, човештвото мора да живее со ризик од можни удари од помали небесни камења, кои со обилната метеорска прашина секојдневно паѓаат од небото. Но дали е реален стравот кај луѓето од удар на поголеми вселенски тела?

Бојан Новаковиќ, доцент на Катедра за астрономија на белградскиот Математички факултет, вели дека моментално познати се над 850 астероиди, со пречник поголем од 1 километар. Многу малку се објекти кои можат да бидат глобална закана за Земјата, вели тој, во разговор за Политика и додава дека моментално во околината на нашата планета има над 15.000 вселенски објекти со пречник од 100 до 300 метри, а познати се насоките на движење на само 2.000 од нив.

– Ако претпоставиме дека објекти поголеми од 50 метри можат да нанесат сериозна штета, можеме да кажеме дека неколку десетици илјади објекти претставуваат потенцијална закана – вели соговорникот за Политика.

Новаковиќ потенцира дека нема причина за страв бидејќи големината на тие објекти не претставува закана за Земјата во иднина, а ударите на поголеми астероиди се ретки. На пример, тој наведе дека камени небесни тела поголеми од 50 метри, удираат во Земјата еднаш во 1000 години.

Меѓународните организации, како организацијата Небесни чувуари, секојдневно ги следат поголемите астероиди, потенцијални напаѓачи.

– Листата на потенцијално опасни астероиди се формира врз основ на проценки на веројатност на судар со нашата планета, како и врз основ на нивната големина. Постојат неколку светски центри кои редовно ја следат состојбата и објавуваат листи на тие астероиди – вели Новаковиќ.

Една од нив е американската вселенска агенција НАСА, додека најпознат европски сервис од тој вид се наоѓа во Универзитетот во Пиза. На листите обично се наоѓаат по неколку стотици потенцијално опасни објекти, а нивниот број се менува од ден во ден. Вистинската можност некој од тие астероиди да се судри со Земјата е прилично мала. Но и покрај малата можност да не удри некој поголем астероид, неопходен е постојан надзор.

Предупредување за светот беше ланскиот пад на метеро кој експлодираше на Чељабинск во Русија, повреди 1.000 луѓе и нанесе голема материјална штета на градот. А како да се заштитиме од слични тела?

– Неопходно е да се забележат опасните астероиди и да се развијат методи и технологија за нивно свртување од курсот. Токму ударот во Чељабинск покажува дека и помали објекти можат да претставуваат опасност и да направат штета. Затоа треба да се обрне внимание ина тие помалите.

Новаковиќ истакна дека последните години има развој во методите и технологиите за заштита, но дека сеуште не може да се каже дека сме безбедни.

– Ниту еден начин на заштита не е тестиран во реални услови, па не знаеме каков ќе биде резултатот во пракса. Поради тоа целта на мисијата на Дон Кихот, Европска вселенска агенција, е во реални услови да се тестира една можност за свртување на астероид.

Најопасни се астероиди кои не се забележани, а ненадејно можат да се насочат кон Земјата. Има ли одбрана од такви напаѓачи?

– Првиот услов за одбрана е навремено откривање на тие астероиди, барем неколку години порано. Само во тој случај би имале доволно време да реагираме. За жал, нема начин да се заштитиме од објекти за кои не знаеме ни дека постојат. За среќа, објектите кои би можеле да не изненадат имаат релативно мали димензии.

За сега сме безбедни, а најпесимистичките сценарија како тие во холивудските филмови Голем удар или Армагедон, можат да се видат само на големите екрани.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он