Пред неколку дена во предградие на Богота, Колумбија, во куфер е пронајдено бебе старо само 4 дена.
Според зборовите на надлежните, девојчето било замотано во ќебе, но со висок степен на хипотермија, итно било пренесено во болница, каде, по се изгледа го пронашло својот нов татко.
Бебето го пронашле полицајци кои патролирале. Истрагата била покрената и сите служби се обидуваат да го најдат семејството на бебето.
Но, без разлика како ќе заврши потрагата, ова бебе најверојатно нема да остане без дом, затоа што, мајорот Луис Габриел Агудело, кој учествувал во спасувањето на бебето, изразил желба да ја посвои.