Арифи: Евроинтеграцијата е колективен процес

Од:

Работата на евроинтеграциите е колективен процес и тој бара ангажман и одговорност од сите Владата, Собранието, граѓаните, бидејќи придобивките од члeнството ќе ги користимем сите во општеството, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања,Теута Арифи.

„Ако прашањето за името денес се реши, влезот во ЕУ не може да се направи утредента бидејќи потребно е време да се преговараат 34-те поглавја на европското законодавство. Пристапот што го имав бара скратување на времето на тој процес со цел времето кога се решат другите проблеми времетраењето на преговорите да биде уште пократко. Пристапниот дијалог е мост кој е поставен за ние наместо да седиме и да се жалиме, да вклучиме едно мало светло  и да се движиме напред, рече Арифи.

– Многу е важно земјите членки кои носат одлуки за отворање на преговорите да имаат едно досие за земјата каде што ќе се покаже силната заедничка политичка ориентација на сите политички фактори за да се исполнат критериумите поставени од ЕУ, оценува вицепремиерката Арифи според која таму треба да биде нашиот најголем придонес.

– ЕУ и нашата ориентација за влез во ЕУ колку што ни дава простор на Албанците за да бидеме дел од еден простор исто толку им дава и на сите останати граѓани од РМ за да најдат кохезивна сила кон еден заеднички концепт. Ние во нашето општество имаме многу теми кои можат да не поделат, но малку кои можат да не зближат, а ЕУ една од тие. Поради тоа и пристапот и одговорниот однос кон овој процес е одговорен однос кон иднината на држвата и нејзините граѓани“, рече Арифи.

На дебатата беа изнесени и рерултати од истражувања, според кои, големо мнозинство од граѓаните на Македонија се за членство на земјата во ЕУ. Поддршката кај Македонците е 87, а кај Албанците 92 отсто.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ