Дали вака ќе изгледа новиот Samsung Galaxy S6?

Од:

Иако веќе некое време кружат гласини за новиот Samsung Galaxy S6, досега немаше најави за тоа како може да изгледа новиот телефон. Една од последните шпекулации беше дека нема да има пластично тело, а сега се појави и фотографија која наводно го открива неговиот изглед.

Phone arena објави фотографии кои наводно се од прототипот на Samsung Galaxy S6. Од фотографиите се гледа дека станува збор за уред со модерен и тенок дизајн во стилот на Samsung.

Сепак, бидејќи е прототип, можно е финалниот изглед да биде поинаков. Наскоро ќе бидат познати повеќе детали за новиот врвен модел на корејската компанија.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ