Милчин: Јанко пак излажа

Од:

„Кај Јанко не се јаде бурек со месо, сирење или спанаќ. Кај него се јаде бурек со лаги.“, пишува Владимир Мичин на својот фејсбук профил.

„Последното јадење бурек со Никола лидерот партиски и премиерот овдешен, Јанко го искористи да го запраша Никола зошто владата негова (и на Али, м.з.) конечно не ја забрани Сорос фондацијата по примерот на Русија на Путин и Унгарија на Орбан. И излажа Јанко. Ни прв пат ни последен пат.

Соросовата фондација во Русија ја затвори Џорџ Сорос во 2003 година, кога Русија беше во економски и финансиски подем со над 6%. Тогаш тој изјави дека не му се чини соодветно да продолжи со помошта која до таа година достигна милијарда долари.

Соросовата фондација во својата татковина Унгарија, Џорџ Сорос ја затвори во 2007 година, откако Унгарија влезе во Европската Унија. Тогаш ја затвори и фондацијата во Словенија, на пример.

Во 1997 година Џорџ Сорос ја затвори својата фондација во Белорусија како одговор на постојаните напади од страна на Лукашенко.

Па така, Јанко му нуди урнек за угледување на Никола во лицето на еден режим, ќе мора да го побара вон Европа и вон европските автократии и да се упати кон Азија и централноазиските деспотии. Во 2004 година владата на Узбекистан ја затвори Соросовата фондација.

А што му одговори Никола на Јанко? Сега засега немало да преземе ништо против фондацијата која, излажа и Никола, трошела 6-7 милиони евра годишно на опозициски медиуми и политички проекти.

На Јанко уште и може да му се прогледа низ прсти за незнаењето. Неук е, кутриот, а сака да биде важен играч. Чул, не дочул. А можеби, суфлерите го местат? Негов проблем.

Но како да му се прогледа низ прсти на Никола? Сигурен сум дека за пет минути може да дознае колкави се годишните буџети на Фондацијата отворено општество – Македонија и за што се трошат. Не мора да се спушта на нивото на своите курири. Сепак е премиер.“, пишува Милчин.

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Ана Ололовска