35 кабелски оператори ќе мора да ги исклучат каналите Fox, 24 kitchen, Sport klub 1, Sport klub 2, Sport klub 3 кои се во рамките на дигиталниот пакет на Македонски телеком и Fox i Fox crime, Sport klub Prime, Sport klub HD, Sport Klub Plus HD, Sport Klub Prime HD, Sport Klub Premium кои се во пакетот на HD Total TV DOO, односно се регистирирани врз осниова на акт издаден од Советот на електронски медиуми на република Бугарија со што е одбореното емитувањето на територијата на Република Македонија.
Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги по надзорот над 49 оператори констатирала дека 35 од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи вршат реемитување на сервиси спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудио визуелни услуги.
Агенцијата наведува дека во дозволата за телевизиско емитување на овие програми не е наведено дека може да се реемитуваат во српска верзија како што сега се случува на програмата на овие 35 оператори. Со решение од 27 јануари сите оператори се опеменуваат и се бара да се исклучат наведените програми. Агенцијата ќе изврши надзор, и како што се наведува доколку не се постапи по барањето ќе поведе прекршочни пријави.