Групацијата Исламска држава објави нова видео снимка, на која се заканува дека ќе го убие јорданскиот пилот, доколку ирачката терористика не биде ослободена од затвор денеска до зајдисонце, јави ТАСС.
На новата снимка, објавена на Интернет синоќа, повторно се појави гласот на јапонскиот заложник Кенџи Гото, кој ги изнесе барањата на џихадистите: „Јас сум Кенџи Гото. Ова е усна порака која ми кажаа да ви ја пренесам. Доколку Саџида ал Ришави не се најде на турската граница, за да биде заменета за мојот живот, до четврток на зајдисонце, јорданскиот пилот Муас ал Касасбех итно ќе биде убиен“.
Јапонската Влада ја анализира новата снимка.